
Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари ја прекина соработката со Лацио.
Сосема неочекуван расплет со оглед на тоа што е средина на сезоната, дека клубот се бори за Европа и дека тој е единствениот кој може да ги извлече од слабата форма во која се наоѓаат моментално.
Три порази во низа во Серија А секако не се единствената или главната причина за неговото заминување во деликатен момент од сезоната.
Тој попладнево ги информирал челниците на Лацио за својата намера.
Претпоставката е дека зад сѐ се крие недоволна поддршка од раководството за да му обезбеди тим согласно очекувањата, кои кога се работи за Лацио, секогаш се високи.
„Небесно-сините“ беа елиминирани од Лигата на шампионите од Баерн Минхен и покрај победата од 1-0 во Рим. Во реваншот беше 3-0 за Баерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
