
Баерн Минхен има 10 бода негатива во однос на лидерот на табелата во Бундес-лигата, но тренерот Томас Тухел останува оптимист за шансите на неговиот тим за рекордна 12. титула во низа во Германија. Баварскиот клуб е домаќин на последнопласираниот Мајнц и сака да ја продолжи серијата позитивни резултати откако го победи Лацио со 3-0 во Лигата на шампионите во текот на неделата.
„Не се откажавме од трката за титулата“, изјави Тухел. „Постои зона меѓу откажување од борбата – и тоа се нарекува реалност. Разликата во бодовите е голема и тоа е реална изјава“, истакна тренерот на Баерн Минхен.
Германецот додаде дека расположението во тимот е позитивно по успехот над италијанскиот тим.
„Очигледно, нашето искуство и резултатите како оние со Лацио ни помагаат и ни даваат храброст, самодоверба“, дополни Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
