
Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Во Париз сфатија дека немаат време за губење и дека мора да најдат адекватна замена за Французинот, а позната е и првата цел на клубот за летниот преоден рок.
Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона и веќе ја отфрли опцијата за продолжување на соработката, па се чини дека од следната сезона францускиот репрезентативец ќе го гледаме во дресот на друг клуб. Речиси е сигурно дека тоа ќе биде Реал Мадрид.
Угледниот „Л’Екип“ објави дека Букајо Сака ќе биде прва цел на ПСЖ ова лето, а „светците“ ќе направат сѐ за да го доведат англискиот репрезентативец на „Паркот на принцовите“. Раководството на клубот е подготвено да плати 140 милиони евра.
Сака во ПСЖ го гледаат како идеална замена за Мбапе бидејќи Англичанецот веќе неколку сезони игра на одлично ниво во Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal