
Капитенот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, многу брзо ќе започне преговори за нов договор со клубот, кој ќе биде на подолг временски период, пишува „Football Insider“. Според информациите, Кореецот е среќен во Тотенхем и сака да го продолжи договорот.
Сегашниот договор е потпишан во 2021 година, а истекува во летото 2025 година.
Тотенхем не е подготвен да ги разгледува понудите за Сон и главна цел е продолжување на договорот со корејскиот интернационалец.
Хјонг-Мин Сон е трансферна цел на голем број клубови од Саудиска Арабија, како и некои гиганти во Европа.
Тој има 395 натпревари, 157 гола и 86 асистенции за Тотенхем од неговиот трансфер од Баер Леверкузен во 2015 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
