
Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза, заработи повреда на последниот тренинг, известуваат италијанските медиуми. Тој ја напуштил активноста порано по судирот со Алекс Сандро. Фурбалерот се пожалил на болки во десната нога.
Состојбата на Киеза во текот на денешниот ден ќе ја проверува медицинскиот персонал на Јувентус. Сепак, од клубот не се особено загрижени и сметаат дека повредата не е сериозна и нема да го спречи да учествува на дербито со Наполи овој викенд.
Ова не е прва повреда за 26-годишниот играч оваа сезона. Токму повредите го спречуваат да влезе во подобра форма и да покаже посериозна доследност во настапите. Досега учествуваше на 22 натпревари, на кои има постигнато шест гола, но од почетокот на 2024 година славеше само еднаш – во успехот од 3-1 над Сасуоло.
Киеза стартуваше на мечот против Фросиноне (3-2) во последното коло. Сепак, тој не импресионираше со својата игра и беше заменет во 60. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
