
Баер Леверкузен ја обезбеди и 19. победа во Бундес-лигата оваа сезона откако на домашен терен го победи Мајнц со 2-1. Тимот на Чаби Алонсо не знае за пораз од стартот на сезоната и сега има големи 11 бодоби предност во однос на Баерн Минхен, но и еден одигран натпревар повеќе.
Гранит Џака постигна фантастичен гол во третата минута со удар од 20 метри, но израмни Доминик Кор само пет минути подоцна.
Победничкиот гол за Баер Леверкузен беше дело на Андрих во 68.минута, но во голем дел беше и подарок од гостинскиот голман Робин Центнер кој очајно реагираше.
Од 80.минута, Мајнц играше и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џесик Нганкам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
