Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу, е повреден и нема да може да им помогне на соиграчите во наредните три седмици. Како што соопшти прес-службата на клубот, по прегледите, на играчот му е констатиран оток на десната коска на глуждот.
33-годишниот Шпанец на тој начин ќе биде надвор од терените за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лајпциг на 6 март, а исто така нема да игра во Ла Лига против Севилја и против Валенсија.
Хоселу е на позајмица од Еспањол до крајот на сезоната, но раководството на Реал Мадрид има намера да го откупи договорот на играчот.
Оваа сезона, Хоселу одигра 35 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 13 гола и четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













