Натпреварот од 26. коло во Ла Лига меѓу Валенсија и Гранада, кој требаше да се одигра в сабота, денеска е одложен поради пожар во Валенсија во кој загинаа најмалку четири лица.
„Барањето за одложување на натпреварот против Гранада е прифатено“, изјави Валенсија и додаде дека подоцна ќе биде одреден нов термин за натпреварот.
Дуелот беше закажан за утре од 14 часот.
Исто така, одложен е и второлигашкиот натпревар помеѓу Леванте и Андора, кој беше закажан за в сабота навечер.
Секој натпревар од 26. коло во Ла Лига ќе започне со минута молчење.
Најмалку четири лица загинаа во пожарот што во четвртокот зафати 14-катница во Валенсија, а 14 лица се водат како исчезнати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













