
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше разочаран по ремито 1-1 со Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој смета дека неговиот тим заслужи да извлече повеќе од овој натпревар, но немаше смиреност да ја контролира играта откако дојде во водство.
„Заслуживме повеќе. Нашата стратегија функционираше добро и поведовме со 0-1. Она што го немавме беше потребната смиреност за да можеме да ја контролираме играта со тој резултат. Не успеавме да го „заспиеме“ натпреварот, а ова е Лигата на шампионите и нашиот противник постигна гол со својот прв прецизен удар на натпреварот. Требаше повеќе да ја чуваме топката и да ја префрлиме играта на нивната половина, но генерално тимот се претстави добро“, изјави Чави.
„Имавме шанси да постигнеме повеќе голови, добро делувавме во контранапад. Задоволен сум што поголемиот дел од натпреварот помина како што планиравме. Сега треба силно да се претставиме пред нашите навивачи во реваншот. Да, лут сум затоа што заслуживме повеќе. Не е добар резултат затоа што требаше да победиме. Овој натпревар е симбол на нашата сезона – требаше да победиме, но тоа не се случи. Меѓутоа, кога ќе одиграме вака добро, победите ќе почнат да доаѓаат почесто отколку поразите“, додаде стратегот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
