
Баерн Минхен и Томас Тухел ќе се разделат со заедничка согласност на крајот на сезоната, официјално објавија Баварците, но и самиот тренер.
Во соопштението на Баерн, извршниот директор Јан-Кристијан Дресен потврди за спогодбениот раскин на договорот по крајот на сезоната.
„Во отворен, добар дијалог, донесовме одлука да ја прекинеме соработката со заедничка согласност во текот на летото. Нашата цел е да го реорганизираме тимот со нов тренер за сезоната 2024/25. Дотогаш, секој човек во клубот е експресно повикан да го постигне максимумот во Лигата на шампионите и во Бундес – лигата.
Конкретно го сметам тимот одговорен и во овој поглед. Посебно во Лигата на шампионите, убедени сме дека по 0-1 на првиот меч со Лацио во Рим, ќе се пласираме во четврт-финалето во реваншот на преполната „Алијанц Арена“ со нашите навивачи зад нас“, изјави Јан-Кристијан Дресен.
Томас Тухел исто така истакна дека ќе замине на крајот од сезоната.
„Се договоривме дека ќе ја прекинеме соработката по оваа сезона. Дотогаш, секако, ќе продолжам да правам сѐ што е можно со мојот тренерски тим за да постигнеме максимален успех“, изјави Тухел.
Баерн одлучи да ја заврши сезоната со Тухел, од различни причини, пред сѐ поради фактот што тешко ќе најдат тренер кој ќе го преземе во екот на сезоната. Играчите мора да сносат одговорност и не треба повторно да им се дава оправдување со итна промена на тренерот, а на лето ќе се анализира и оценува ефектот на тимот, но и на секој индивидуалец.
Тухел го замени Џулијан Нагелсман на кормилото на Баерн Минхен во март минатата година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
