Connect with us

Модриќ сака да игра на СП 2026, затоа го одбил предлогот на Анчелоти за негов асистент

Лука Модриќ (38) го одбил предлогот на тренерот Карло Анчелоти да ја заврши кариерата по оваа сезона и да се приклучи во неговиот стручен штаб.


Тој дојде во Реал од Тотенхем во 2012 година, а оттогаш стана легенда и еден од најтрофејните фудбалери во историјата на „кралскиот клуб“. За Реал одигра 516 натпревари, но, во последно време го нема статусот на стандарден првотимец.

Од последните седум натпревари, тој одигра само два како стартер. На уште два меча влезе како резерва, а на останатите три само гледаше од клупата. Со оглед на сето тоа, како и фактот дека неговиот договор завршува во јуни, не се очекува Реал да му понуди уште едно продолжување на соработката.

Шпанските медиуми вчера открија дека Карло Анчелоти му понудил на Модриќ да биде член на неговиот стручен штаб следната сезона. Подоцна додадоа дека Модриќ го одбил предлогот бидејќи, како што повтори минатото лето, не сака неговото место во Реал да се измисли врз основа на неговите стари заслуги, туку да игра како важен фудбалер.

„Модриќ се заблагодари на понудата бидејќи ја сфаќа како порака на тренерот дека повеќе не е на нивото потребно за да игра за Реал Мадрид. Лука ќе продолжи да игра, но доколку не дојде до радикален и сериозен пресврт, далеку од „Бернабеу“. Повлекување ова лето не му е опција ниту под разно“, напиша шпанскиот „Релево“.

Реалноста е дека Лука Модриќ е заинтригиран од играњето на следниот Мундијал што ќе се игра летото 2026 година во Америка, Мексико и Канада. Модриќ тогаш ќе има 41 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови