Напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, би можел да ги промени клупските бои во претстојниот летен преоден рок. За него сериозно е заинтересиран Челси.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ наскоро ќе и пристапи на Астон Вила со понуда за купување на 28-годишниот напаѓач, тврдат медиумите на Островот.
Воткинс игра за Астон Вила од 2020 година. Таа сезона, напаѓачот забележа 35 настапи за тимот од Бирмингем во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и 12 асистенции.
Договорот на играчот со неговиот сегашен клуб е до јуни 2028 година. Неговата вредност во моментов се проценува на околу 60 милиони евра.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













