Connect with us

Инзаги: Ова е само првиот меч, можевме да победиме и поубедливо

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ја коментираше победата (1-0) на тимот во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тренерот на „нероаѕурите“ е задоволен од успехот, но вели дека и реваншот ќе биде исклучително тежок за неговите избраници.


„Многу сум задоволен, момците беа одлични против физички многу силен тим. Нашата задача не беше воопшто лесна. Знаеме дека е ова само првиот натпревар, вториот ќе биде тежок и секако жалиме што не победивме и поубедливо, со оглед дека создадовме уште неколку одлични шанси. Но, ова е фудбал, продолжуваме понатаму“, изјави Инзаги по натпреварот.

Стратегот на Интер се осврна и на индивидуалниот ефект на дел од играчите.

„Реков и пред натпреварот дека Арнаутовиќ и Алексис Санчез одлично се снаоѓаат на тренинзите и тоа ќе им даде самодоверба. Среќен сум што Марко постигна гол, заслужи да даде гол порано, а и Алексис се појави со духот што му беше потребен. Турам почувствува адукторска болка за време на спринтот за ситуацијата со Лаутаро Мартинез, а потоа повторно почувствува болка. Тој е на тестови и се надеваме дека нема долго да го загубиме“, изјави Инзаги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови