
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Џим Ретклиф е сопственик на 27,7% од акциите на клубот.
Од „Олд Трафорд“ издадоа соопштение во кое се потврдува дека сопственикот на компанијата „Инеос“ и вториот најбогат Британец, инвестираше 300 милиони долари во развојот на клубот.
„Манчестер Јунајтед со задоволство може да потврди дека Сер Џим Ретклиф го комплетираше купувањето на 27,7% од кациите на клубот, откако ги исполни сите услови поставени од страна на Фудбалската Асоцијација и Премиер-лигата“, се вели во соопштението на клубот.
Сер Џим Ретклиф најави дека ќе се обиде да го врати Манчестер Јунајтед на врвот на англискиот и на европскиот фудбал.
„Голема е еста што станав ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, а тоа е воедно и голема одговорност. Ова е крај на периодот на трансакција, но почеток на на нашето патување, кое има за цел да го врати клубот на врвот во англискиот и европскиот фудбал“, рече Ретклиф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
