Тензијата во Баерн станува експлозивна, а поразот од Бохум во Бундес-лигата со 2-3 уште повеќе ја вжешти ситуацијата.
Некои од играчите се против тренерот Томас Тухел, но ќе мора да го трпат уште некое време. Причината е што, во моментов, клупските челници немаат готова опција за негова замена, бидејќи моментно нема многу достапни кандидати за позицијата на пазарот. Затоа, најверојатно ќе чекаат до крајот на сезоната, а на нивната листа фаворит број 1 е Чаби Алонсо.
Поранешниот играч за врска на Баварците прави чуда во Баер Леверкузен, кој има осум бода повеќе од Баерн Минхен на врвот во Бундес-лигата. Се поврзува и името на Жозе Мурињо.
„Билд“ пренесува дека против Тухел се Џошуа Кимих, Томас Милер, Матијс де Лихт, Серж Гнабри, Леон Горецка и Матис Тел.
Однесувањето на искусниот Кимих е показател за односот меѓу тренерот и играчите.
Германскиот репрезентативец беше заменет по еден час игра против Бохум, а потоа влезе во жестока дискусија со еден од асистентите. Според некои извори, двајцата за малку ќе се пресметале и физички.
Сето ова доаѓа по огромното незадоволство кај симпатизерите предизвикано од трите последовни порази, од Баер Леверкузен и од Бохум во Бундес-лигата, како и од Лацио во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal