
Килијан Мбапе на лето конечно ќе направи трансфер во Реал Мадрид по бројните неуспешни обиди.
Пари Сен Жермен веќе неколку пати се обиде да го задржи, но сега парижаните ќе мора да бараат замена.
Ѕвездите на Серија А, Рафаел Леао и Виктор Осимен се појавуваат како потенцијални кандидати, но ПСЖ гледа и кон Премиер – лигата.
Членот на раководството на парискиот клуб, Луис Кампос, повеќе би сакал местото на Мбапе да го пополни фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пишуваат медиумите на Островот.
Рашфорд веќе беше во преговори со ПСЖ пред две години, но потоа остана на „Олд Трафорд“, по што следуваше сезоната од неговиот живот со 30 гола на 56 натпревари.
Претходното лето Рашфорд го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, обврзувајќи се на пет години верност и плата од 300.000 фунти неделно. Сепак, тоа воопшто не го оправда бидејќи оваа сезона на 23 одиграни натпревари постигна само пет гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
