
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека повредата на Диого Жота ќе го оддалечи од теренот подолг период. Дополнително на оваа непријатна вест, Германецот додаде дека Алисон Бекер, кој заработи повреда на мускулот пред мечот со Брентфорд, сѐ уште е недостапен и нема да се врати во „догледна иднина“.
Аут за утрешната пресметка со Лутон е и Куртис Џонс.
Се шпекулираше дека по последниот натпревар се повредени и Мохамед Салах и Дарвин Нуњез, иако Клоп не ги именуваше меѓу играчите со проблеми, што беше сфатено како добар знак.
Сè уште не е јасно дали Доминик Шобошлаи и Трент Александер-Арнолд ќе можат да се опорават за неделното финале против Челси, бидејќи и двајцата допрва треба да се вратат на тренинзите со тимот.
„Би сакал да кажам дека немаме проблеми, но имаме. Алисон има повреда на мускулот за која не знаеме колку долго ќе потрае, но тој дефинитивно нема да се врати во догледна иднина. Диого Жота е надвор од теренот, има проблем со коленото, Кертис има проблем со коските и со лигаментите. За Диого тоа се месеци, а не недели. Не можам да дадам временска рамка. За останатите ќе видиме од ден на ден. Трент и Шобошлаи се блиску до враќање, но сѐ уште не тренираат со тимот, па сѐ уште не се достапни“, истакна менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
