Connect with us

Реал добил понуда да потпише со Влаховиќ, но Анчелоти не го гледа во својот тим

Српскиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ, е понуден на шпанскиот гигант Реал Мадрид, пишуваат медиумите на Пиринеите. Сепак, раководството на „кралевите“ одби било какви контакти во овој момент.


Реал Мадрид минатото лето не успеа да потпише замена за Карим Бензема и се тврди дека приоритет на Карло Анчелоти по завршување на сезоната ќе биде купување на нов напаѓач.

Сепак, Италијанецот не се восхитил од можноста да го доведе Влаховиќ од италијанскиот калчолигаш Јувентус.

Сѐ посигурно е дека Килијан Мбапе ќе слета на „Бернабеу“ на лето. Францускиот интернационалец веќе го известил раководството на ПСЖ дека си заминува по истекот на неговиот договор.

Во Шпанија дури се тврди дека Мбапе веќе има потпишано петгодишен договор со Реал Мадрид кој ќе биде објавен по завршувањето на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови