
Името на француската легенда Зинедин Зидан се поврзуваше со германскиот гигант Баерн Минхен. Баварците се во многу сериозна криза под водство на Томас Тухел, а шпекулациите за негова смена стануваат сериозни.
Според одредени извори, беше објавено дека Зидан е еден од главните фаворити за замена на Тухел, а преговорите веќе се во тек.
Сепак, овие шпекулации се демантирани и од клубот потврдија дека Баерн немал никаков контакт со Зидан, кој моментално е без работа.
Со Баерн се поврзуваат и други имиња како Оле Гунар Солскјер и Антонио Конте. Во моментов од Баерн Минхен се децидни дека не размислуваат за замена на Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
