Алваро Мората изненадувачки закрепна многу побрзо од очекуваното, па дури е вклучен и во тимот на Атлетико Мадрид за гостување кај Интер во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Пред осум дена тој заработи повреда која треба да го оддалечи најмалку две недели. Сепак, напаѓачот веќе тренира нормално и замина во Милано.
„АС“ сепак тврди дека тој нема да биде стартер. Планот на тренерот Диего Симеоне е да ги користи Антоан Гризман и Маркос Љоренте во нападот во формација 5-3-2.
Љоренте и пред неколку дена беше стартер во нападот, но во тандем со Анхел Кореа, кога Атлетико Мадрид го уништи Лас Палмас со 5-0 во натпревар од Ла Лига. Љоренте постигна два од петте погодоци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













