Connect with us

Зидан седнува на клупата на Баерн Минхен?

Баерн Минхен го тресе голема криза. По поразот од лидерот Баер Леверкузен (3-0), по кој актуелниот шампион ја зголеми негативата до единствениот конкурент за титулата, и загубениот прв натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите кај Лацио (1-0), во кој гостите беа поразени без удар кон голот, следеше нов шок. Баерн загуби и од просечниот Бохум со 3-2 во Бундес-лигата за трет пораз во низа. Последен пат тоа му се случило во пролетта 2015 година.


Се погласни се гласините дека Томас Тухел нема да издржи една година на клупата на Баерн. Тој кон крајот на март минатата година стана тренер на најголемиот германски клуб и веднаш испадна од Лигата на шампионите и Купот, а германската титула ја освои само затоа што Борусија Дортмунд неверојатно му ја предаде. Баерн сега заостанува осум бода зад лидерот од Леверкузен.

Главни кандидати за замена на Тухел се Ханси Флик, нивниот поранешен тренер и до септември минатата година селектор на Германија и тренерот на Баер, Чаби Алонсо, кој само од лето може да го преземе тимот, а се смета и за веројатен наследник на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул.

Сепак, италијанскиот „Кориере дело спорт“ пренесува дека еден од фаворитите за преземање на клупата на баварскиот гигант е легендарниот Французин Зинедин Зидан (51). Тој е без клуб од 2021 година откако ја напушти клупата на Реал Мадрид каде беше исклучително успешен, а досега никој не можеше да го заинтересира да се реактивира.

Наводно, Зидан очекувал дека би можел да стане нов селектор на Франција, но тешко дека Дидие Дешам наскоро ќе ја напушти таа функција, па Зидан повторно се врти кон клупскиот фудбал.

Според италијанските медиуми, раководството на Баерн стапило во контакт со Зидан уште пред осминафиналето од Лигата на шампионите против Лацио и покрај тоа што јавно го поддржуваше Тухел. Со оглед на ситуацијата на Баерн во првенството и општата негативна атмосфера во клубот, веројатно не сакаат да го чекаат крајот на сезоната, туку веднаш сакаат нов тренер, а Зидан е слободен и стратег кој покажа дека знае како се водат големи тимови и се создаваат резултати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови