Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не беше задоволен од пропуштените шанси против Лутон. „Црвените ѓаволи“ победија со 1-2 како гости, а ова беше седми последовен натпревар за тимот без пораз.
„На моменти сè уште сме кревки бидејќи не ги користиме нашите шанси. Мислам дека треба да постигнуваме многу повеќе голови. На 0-2 имаше одлични можности за Рашфорд и за Гарначо, можевме да поведеме со 0-3 или 0-4“, изјави Тен Хаг.
„Многу се враќавме назад и им дозволивме неколку опасни нафрлувања, многу шутеви и неколку добри можности. По паузата тие го зголемија притисокот. Пропуштивме неколку навистина добри шанси. Моравме да постигнеме гол и сите го знаеме тоа“, истакна стратегот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













