Connect with us

„Марка“: Мбапе пред две недели потпишал договор со Реал Мадрид

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе на лето дефинитивно го напуша ПСЖ и ќе направи трансфер како слободен агент во Реал Мадрид. Тој пред две седмици потпишал договор со „кралскиот клуб“, открива шпанска „Марка“.


Мбапе во Реал Мадрид сигурно ќе биде најплатениот фудбалер, но засега не се откриваат официјални детали од договорот.

Се претпоставува дека Мбапе се обврзал на петгодишна верност кон Реал Мадрид, а годишно би требало да заработува околу 50 милиони евра бруто. Сепак, официјалните информации ќе бидат објавени по завршувањето на сезоната, кога ќе истече неговиот договор со Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови