
Рафаел Бенитез прилично смело зборуваше дека сака да го замени Герет Саутгејт како селектор на Англија. Поранешниот менаџер на Ливерпул, Њукасл и на Челси тврди дека има „многу добри односи“ со некои луѓе од стручниот штаб на Саутгејт и на крајот би сакал да се испроба на меѓународна сцена.
Бенитез, кој моментално е на чело на шпанскиот прволигаш Селта Виго, ги изложи своите амбиции пред последниот турнир на Саутгејт, ЕВРО 2024 година.
Неговиот договор истекува овој декември и ФА на Снглија во моментов не е одлучна дали да му понуди нов договор.
„Ова е секогаш опасно прашање бидејќи има менаџер кој добро си ја врши работата. Но, имам пријатели во персоналот на Саутгејт. Имаме многу добри односи“, изјави Бенитез.
„Но, размислувајќи за иднината, би сакал да водам репрезентација способна да се бори за трофеи. Кога си во тим кој не губи толку често, се навикнуваш да се натпреваруваш за трофеи. Така што би сакал да имам репрезентација способна да победува, но повторно сето ова е само за во иднина“, ги прокоментира сопствените амбиции Рафаел Бенитез.
„Прво, да завршам добра работа овде за Селта да расте и да стекне стабилност, да не страда секоја година. Со добра структура и организација можеме да дојдеме до удобна позиција на табелата, па да почнеме да се приближуваме до европските места. Тоа е мојата цел. Тогаш, во иднина можеби ќе застанам на чело на некоја репрезентација. Сакам да имам шанса да бидам на Светско или на Европско првенство“, истакна Бенитез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
