Баерн Минхен доживеа ново разочарување во Бундес-лигата откако беше поразен со 3-2 од Бохум и сега има осум бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен, кој е на врвот на табелата. Притисокот врз тренерот на тимот Томас Тухел продолжува да расте, но претседателот на клубот Јан-Кристијан Дрисен уште еднаш застана во одбрана на германскиот стручњак.
„Се чувствувам навистина лошо. Денеска менталитетот ја победи класата, воопшто не сме задоволни. Секако дека Тухел следната недела ќе биде тренер на Баерн“, изјави претседателот на Баерн.
Се очекува итна средба меѓу водечките фактори на Баварците за да се одлучи како ќе одат напред и дали Томас Тухел навистина ќе остане тренер на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













