Баерн Минхен ќе се обиде да ја ангажира ѕвездата на Милан, Тео Хернандез, доколку Алфонсо Дејвис замине на лето, тврди „Билд“. Баварците веќе подолго време го следат 26-годишниот Французин, кој важи за најдобар лев бек во моментов во светот.
Неговиот трансфер на „Алијанц Арена“ сигурно нема да биде евтин, но челниците на германскиот клуб ќе направат обид да го купат. Ова ќе се случи доколку Дејвис одбие да го продолжи договорот и биде продаден на лето.
Се верува дека Реал Мадрид е најзаинтересиран за Канаѓанецот, кој на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Тео Хернандез е проценет на околу 60 милиони евра. Тој е дел од Милан од 2019 година.
Оваа сезона левиот бек одигра 21 натпревар во Серија А, постигнувајќи четири гола и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













