Промашувањата на Ерлинг Халанд беа една од главните причини поради која Манчестер Сити не успеа да го добие дербито против Челси во 25. коло од Премиер – лигата. Норвежанецот упати девет удари кон противничкиот гол, но ниту еден не успеа да го претвори во гол.
Сепак, менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола нема намера да го критикува најдобриот стрелец на неговиот тим.
„Играв фудбал 11 години и постигнав 11 гола. Еден гол по сезона. Јас секако не сум личноста која треба да дава совети на напаѓач од толку висока класа. Создадовме многу шанси, но Халанд немаше среќа. Следниот пат ќе даде гол“, изјави Гвардиола.
„Натпреварот беше интересен. Пред паузата не игравме многу добро, но после тоа доминиравме. Имавме многу можности за гол, но не победивме“, изјави Пеп.
Во рангирањето, Манчестер Сити сега се наоѓа на третото место со 53 бода. „Граѓаните“ заостануваат четири бода зад Ливерпул и два зад Арсенал, но имаат и еден одигран натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













