
Актуелниот шампион Струга Трим Лум одигра 0-0 против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Мазари во финишот од натпреварот имаше колосална шанса за триумф на Работнички, но гостинскиот голман Ќосевски спаси сигурен погодок.

Шкендија имаше тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, но успеа да слави со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за тетовци беше Енур Тотре од пенал во 29.минута.
Шкупи имаше релативно полесна задача, на Чаир ја пречека Воска Спорт и победи со 3-0. Со тоа и го презеде врвот на табелата со 41 бод, по ремито на Струга Трим Лум.
Емануел Аворнио Гронер во четвртата минута донесе предност за Шкупи, а Кристијан Трапановски во 45.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел Аворнио постигна уште еден погодок за убедлив триумф.
Александар Васоски го имаше првиот официјален првенствен меч како тренер на Силекс и ја пречека „неговата“ Брера. Дуелот заврши сепак во корист на Брера. Урош Стамениќ погоди во 90.минута од мечот.
Брегалница во битката за опстанок се сретна со Тиквеш и победи дома со 2-1. Едиз Спахиу во 40.минута го постигна погодокот за гостите од Кавадарци. Сепак, Брегалница одговори во финишот. Ѓорѓи Ѓоргиев во 87.минута израмни, а Пепи Ѓоргиев во 90.минута стрелаше за триумф.
Гостивар и Вардар вчера ремизираа 1-1 во првиот меч од 19.коло во Првата фудбалска лига.
ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-0
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА 0-1
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1
ВЧЕРА: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
