Актуелниот шампион Струга Трим Лум тргнува во одбрана на титулата оваа пролет со дуел против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“. Стружани имаат многу подобар скор во меѓусебните дуели, но „романтичарите“ се надеваат дека Гоце Седлоски ќе успее да најде начин за да му парираат на лидерот на табелата.
„Традицијата е едно, но секој натпревар е посебна приказна. Го респектираме Работнички, знаеме дека нѐ очекува тежок дуел, но ние како и на секој меч одиме на три бода. Нашата цел е да ја одбраниме титулата“, вели Бесмир Бојку, фудбалерот за врска на Струга ТЛ.
Шкендија има тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП која и „гори“ во битката за опстанок. Ќе биде тоа неизвесен натпревар и прв голем тест за новиот тренер Јетон Беќири.
Шкупи има релативно полесна задача, со оглед дека на Чаир ќе го пречека тимот на Воска Спорт.
Интересно ќе биде и во Кратово, каде Александар Васоски како тренер на Силекс ќе ја пречека „неговата“ Брера.
Брегалница во битката за опстанок нема друга алтернатива освен да атакува на триумф против Тиквеш, кој значително се засили оваа зима.
Гостивар и Вардар вчера ја отворија пролетната полусезона со реми, 1-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (денеска, 14 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
ВЧЕРА: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski