
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го пофали тимот по драматичната победа над Селта. Каталонците победија со 1-2 на Балаидос, а двата гола ги постигна Роберт Левандовски. Вториот гол на Полјакот беше од белата точка во судиското надополнување, и тоа после повторен пенал откако првиот не го реализираше.
„Мислам дека одигравме добро, но кога ќе стигневме до последната третина од теренот, ни недостигаше јасна идеја и прецизност во завршното додавање. Бевме добро позиционирани и доминиравме во повеќето дуели. Не е лесно да се доминира на овој стадион. Направивме сѐ што можевме за да победиме. Се случи на потешкиот начин, но вака е послатко. Не можам да се пожалам на напорите на играчите и нивната желба во текот на целиот натпревар“, сподели Чави.
„Откако објавив дека заминувам на крајот на сезоната, освоивме 10 од можни 12 бода. Мислам дека мојата одлука беше добра и за доброто на клубот. Мило ми е што тимот направи чекор напред. Овие три бода вредат злато“, изјави тренерот на Барса.
„Голот на Селта беше последица на губење на концентрацијата. Противникот има квалитетни играчи во нападот, но во оваа ситуација имаше и рикошет. Факт е дека не се браневме добро. Генерално, тоа беше одличен натпревар. Сепак, треба да бидеме постабилни во одбраната“, изјави Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
