
Пелистер и Беса на убедлив начин го стартуваа вториот дел од шампионатот во Втората лига, а се лизна Детонит Плачковица кој загуби од Вардар Неготино.
Пелистерци славеа со 3-0 против Беласица на домашен терен.
Симеон Христов во 35. минута го отвори резултатот, а Бојан Спиркоски зголеми на 2-0. Третиот гол повторно беше дело на Христов.
Вардар Неготино го победи Детонит Плачковица со 2-0. Неготинци постигнаа два гола во вториот дел, погодувајќи ја противничката мрежа во 71. минута преку Хасан Сунај и во 82. минута преку Флорент Османи.
Беса го победи Осогово со 3-0. Филип Алексовски, Емир Скендери и Изаир Емини од пенал беа стрелци на головите за лидерот на табелата во второлигашката конкуренција.
Скопје со 1-0 ја победи Каменица Саса, а без голови одиграа Тетекс и Победа. Караорман го победи Кожуф со 1-0.
Охрид загуби на домашен терен од Башкими со 0-2, додека Арсими славеше со 2-0 против Новаци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
