
Реал Мадрид долг период не купуваше засилувања, а Флорентино Перез имаше свој план, на „Бернабеу“ еден ден да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Се чини дека тоа ќе се обиде да го реализира претстојното лето.
„Реал Мадрид работи на доведувањето на Мбапе, но тоа не ги менува плановите што ги има Флорентино Перез, а тоа е доаѓањето на уште една суперѕвезда – Ерлинг Халанд“, наведува „Кадена СЕР“.
„Можеби звучи нереално, но ако постои клуб кој може да оствари нешто вакво, тоа е Реал Мадрид. Идејата за Халанд не е само разговор, а Мбапе е секако примарна цел“.
Поради Халанд, Флорентино Перез минатото лето решил да не го комплетира трансферот на Хари Кејн кој заврши во Баерн Минхен.
„Карло Анчелоти побара да го ангажира Кејн. Сепак, клубот му кажа дека неговиот потпис и должината на договорот не може да се совпаднат со плановите за доведување на Халанд. Перез верува дека Кејн и Халанд нема да се вклопат заедно, но Мбапе и Халанд се друга приказна. Затоа пропадна можноста да се доведе Англичанецот“, пишува „Кадена СЕР“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
