Многу полемики и внимание привлече поништениот гол на Лајпциг во втората минута од вчерашната средба со Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Судијата досуди офсајд по голот на Шешко, а мислењето во јавноста беше поделено.
Контроверзната ситуација ја коментираше и Тони Крос, кој со својата изјава ги шокираше навивачите на „кралскиот клуб“.
„Овде гледам дека голманот не беше блиску до топката. Голот требаше да биде признат. Немам што друго да кажам“, изјави Крос.
Како и да е, Лајпциг не успеа да го надополни пропуштеното, на домашен терен беше поразен од Реал со 0-1, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Брахим Дијаз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













