Connect with us

Ибрахимовиќ ќе се прости од фудбалот на мечот Шведска – Србија

Златан Ибрахимовиќ (42) на 8 јуни во Стокхолм против Србија ќе го одигра последниот меч во својата богата кариера.


„Членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ги верификуваа договорите за одигрување пријателски натпревари како дел од подготовките за Евро 2024 година.
Ќе играме со Русија (21 март), Кипар (25 март), Австрија (4 јуни) и Шведска (8 јуни). Посебно сме импресионирани од фактот што ѕвездата на европскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ ќе се прости од активното играње на мечот во Стокхолм“, соопштија од ФСС.

Во јуни минатата година Златан Ибрахимовиќ ја заврши играчката кариера во Милан како фудбалер на тој клуб. За четири месеци тоа ќе го направи како репрезентативец на Шведска со последен настап.

Ибрахимовиќ одигра 122 натпревари за Шведска, а по бројот на голови е убедливо најефикасен со 62 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови