Connect with us

Салах се врати на тренинзите на Ливерпул

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, официјално се врати на тренинзите на тимот на почетокот на оваа недела. Египетскиот напаѓач се опоравува од повредата здобиена во групната фаза на Африканскиот куп на нации кога неговата земја се сретна со Гана и не можеше да им помогне на „фараоните“ за поуспешен настап на континенталниот турнир.


Салах, исто така, пропушти многу натпревари за „црвените“ откако се врати во Англија за да продолжи со опоравувањето, но сега напаѓачот тренира заедно со соиграчите.

Ливерпул преку официјалните канали на социјалните мрежи се пофали дека Салах повторно тренира со тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови