
Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе организира меч на своите легенди против легендите на Ајакс на 23 март на „Енфилд“ годинава, а на клупата ќе седне Свен Горан Ериксон. Очите на јавноста ќе бидат вперени кон овој ревијален меч бидејќи Ливерпул покажа несомнена величина.
Имено, во своето неодамнешно обраќање до јавноста, познатиот шведски тренер Свен Горан Ериксон објави дека боледува од неизлечива болест и дека лекарите му даваат уште една година живот. Во разговорот со медиумите тој зборуваше за своите неостварени желби, а најголемата во кариерата му била еден ден да раководи со Ливерпул, кој му е омилен клуб.
Набргу потоа, Јирген Клоп отворено го повика да дојде во тренинг центарот и да помине еден ден со првиот тим, да ја искористи канцеларијата на германскиот стратег и да го води тренингот како што сака. Во меѓувреме, за Ериксон ќе се случи нешто уште поубаво.
Тој ќе биде дел од стручниот штаб на легендите на Ливерпул на мечот со Ајакс на „Енфилд“ кој ќе му го исполни сонот во последните денови од животот.
Извонреден гест на англискиот клуб и нема сомнеж дека ќе биде многу емотивен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
