
Германскиот бундеслигаш Лајпциг важи за аутсајдер во осминафоналната пресметка против Реал Мадрид во ЛШ, но ќе се обиде да му отежне на славниот ривал и ќе ја бара својата шанса да направи сензација.
Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас знае како да ги изненади фаворитите во елитното европско натпреварување.
Реал Мадрид маршира самоуверено кон титулата во Ла Лига, но сака да напредува и во Лигата на шампионите.
Тимот на Карло Анчелоти е во сериозни проблеми со повредите. Надвор од тимот за овој дуел се Џуд Белингам, Тибо Куртоа, Антонио Рудигер, Давид Алаба и Едер Милитао. Сепак, Анчелоти умешно се справува со сите отсуства и „кралевите“ бележат одлични резултати.
Реал Мадрид ќе се обиде да оствари позитивен резултат пред реваншот во Шпанија, но јасно е дека двомечот нема да се реши на првата пресметка во Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
