
Последниот тим во Бундес-лигата, Мајнц, официјално објави дека се разделува со својот тренер Јан Сиверт. Вчера Мајнц забележа нов пораз, овојпат од Штутгарт со 1-3. Тоа го остави тимот на дното на табелата.
Јан Сиверт го презеде составот од Бо Свенсон на почетокот на ноември минатата година, а претходно беше тренер на тимот до 23 години.
Новиот тренер на Мајнц ќе биде претставен утре попладне. Спортскиот директор на клубот Кристијан Хајдел изјави:
„Би сакале да му се заблагодариме на Јан за неговиот ангажман. Тој ја презеде задачата во тешко време со многу страст и педантност и му даде добар поттик на тимот со својата работа. Сепак, за жал, тоа не се претвори во фундаментален пресврт или резултатски подвиг. Наместо тоа, во последните недели ситуацијата во битката за испаѓање стана многу потешка за нас. За жал, сега гледаме промена на тренерската позиција како неопходен чекор за да можеме да постигнеме позитивен пресврт”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
