Шпанскиот напаѓач Алваро Мората го повреди коленото при поразот на Атлетико Мадрид од Севилја со 1-0. Искусниот стрелец во солзи го напушти теренот и голема е веројатноста да ги пропушти претстојните натпревари против Интер во Лигата на шампионите.
Шпанецот беше принуден да го напушти теренот во 46. минута, а Атлетико потврди дека поранешниот напаѓач на Јувентус го повредил коленото.
При заминувањето Мората беше придружуван од медицинскиот персонал. Тој ќе ги мине медицинските тестови во наредните часови, но се чини дека нема да се опорави навреме за осминафиналето на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Првиот натпревар е на „Џузепе Меаца“ на 20 февруари, а реваншот во Мадрид на 13 март.
Мората има одлична сезона и постигна 19 гола на 32 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal