
Фиорентина ја оствари 11. победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен го декласира Фросиноне со 5-1. „Виолетовите“ сега се наоѓаат на шестата позиција со 37 бода, два помалку од четвртопласираниот тим на Аталанта кој е на местото што води во Лигата на шампионите.
Андреа Белоти го постигна првиот гол за новиот тим по доаѓањето во Фиорентина и го отвори резултатот во 16.минута. Три минути подоцна Иконе зголеми на 2-0, а домаќинот постигна и трет гол во првото полувреме преку Мартинез Кварта.
Нико Гонзалес на стартот на вториот дел се погрижи за 4-0, следеше почесниот погодок за Фросиноне што го постигна Мацители, а серијата голови ја затвори Антонин Барак во финишот на дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
