Фудбалерите на Реал Мадрид убедливо со 4-0 ја совладаа Џирона во дербито од 24. коло на шпанскиот шампионат и со тоа му го нанесоа само вториот сезонски пораз на каталонскиот тим, но побегнаа на пет бода позитива. Брилијантен натпревар одиграа Бразилецот Винисиус Жуниор и англискиот репрезентативец Џуд Белингам. Англичанецот погоди два пати, а Бразилецот погоди и асистираше два пати.
Белингам, сепак, не го дочека крајот на натпреварот на теренот. Во два наврати го свитка левиот скочен зглоб и мораше да го напушти теренот.
Тренерот Карло Анчелоти изјави дека повредата не е сериозна и дека Белингам ќе биде во составот за натпреварот во вторник, кога Реал ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите против Лајпциг.
Англискиот играч за врска е најдобар стрелец на тимот оваа сезона со 20 гола, а додаде и осум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













