
Во Салернитана решија да му врачат отказ на тренерот Филипо Инзаги, а недостасува единственo официјална потврда за разделбата меѓу двете страни, пренесуваат италијанските медиуми.
Трпението на клупското раководство е на крај по синоќешниот пораз на домашен терен со 1-3 од директниот конкурент во борбата за опстанок во Серија А, тимот на Емполи.
Инзаги го презеде тимот во средината на октомври по заминувањето на Пауло Соуса.
50-годишниот стручњак на чело на „морските коњи“ одработи вкупно 18 натпревари во кои оствари три победи и имаше четири ремија, а дозволи дури 11 порази на тимот.
Легендарниот напаѓач го остава тимот на дното на табелата со само 13 бода, или шест помалку од 17. место кое го зазема Удинезе, а носи опстанок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
