Најдобриот стрелец на Јувентус, Душан Влаховиќ, ќе го пропушти претстојниот домашен натпревар на тимот против Удинезе во понеделник, пренесуваат италијанските медиуми.
Напаѓачот и денеска не учествуваше на тимските тренинзи, наместо тоа продолжи со својот индивидуален режим. Тој нема да биде подготвен за натпреварот поради повредата на мускулот, која ја заработи при поразот од Интер (0-1) минатиот викенд.
Србинот беше прогласен за играч на месецот во Серија А за јануари со своите шест првенствени голови оваа сезона, но Масимилијано Алегри нема да може да смета на него против Удинезе.
Се очекува тренерот да се потпре на тандемот Аркадиуш Милик и Федерико Киеза, кој го надмина својот физички проблем од почетокот на неделата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













