Менаџерот Пеп Гвардиола ги отфрли коментарите дека неговиот Манчестер Сити размислува само за враќање на врвот во Премиер – лигата додека се подготвуваше за денешниот домашен натпревар против Евертон кој се бори за опстанок.
Шампионите можат да се искачат на врвот на табелата барем неколку часа ако ги победат „карамелите“ во денешниот прв меч од програмата во Премиер-лигата. Неколку часа подоцна, Ливерпул игра пред домашната публика против Барнли.
„Мораме да продолжиме како што правевме и изминативе неколку години. Нашата игра е на ниво, игравме добро дури и кога не победувавме. Евертон секогаш има добри резултати овде. Не знам зошто. Мора да бидеме подготвени“, изјави Гвардиола.
Евертон нема победа во Премиер – лигата од средината на декември и е во опасност од испаѓање откако му одземаа 10 бода поради нарушување на финансискиот фер-плеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













