Во текот на целата сезона Ливерпул се мачеше со отсутни играчи, а нема да биде комплетен ниту на утрешниот меч против Барнли. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, ги откри проблемите во тимот.
„Шобосшлаи прави вежби за трчање, но нема да биде достапен за натпреварот со Барнли, за потоа ќе видиме… Ендо се врати во тимот, но Мохамед Салах нема да биде подготвен, тој веројатно ќе продолжи со максимални тренинзи следната недела“, изјави Клоп.
„Тијаго не е добро, но тоа не е голема повреда. Конор Бредли сѐ уште е со своето семејство, нема да вршиме притисок врз него, тој веројатно ќе се врати следната недела. Имаме и грип во тимот, така што мора да видиме кои играчи ќе бидат на располагање“, додаде стратегот.
Токму поради грипот најверојатно Џо Гомез нема да биде во тимот, кој не беше снимен на денешниот тренинг на Ливерпул, а Ибрахима Конате е суспендиран поради црвениот картон против Арсенал.
Дарвин Нуњез, Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд не се 100% подготвени и во последен момент ќе се реши дали ќе бидат стартери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













