
Раководството на францускиот шампион Пари Сен Жермен упати ексклузивна понуда од повеќе од 80 милиони евра годишно на својата ѕвезда Килијан Мбапе за договор на уште две сезони, информираше новинарот Франсоа Давид од „Ле Паризиен“. Тој додава дека ПСЖ и натаму има сериозни надежи дека ќе успее да го задржи напаѓачот извесно време на „Паркот на принцовите“.
Причината за нивниот оптимизам произлезе од информацијата дека Реал Мадрид е решен да не му понуди на Мбапе многу висока финансиска понуда. Уште пред неколку недели, друг француски новинар исто така објави информација дека понудата на ПСЖ е спектакуларна и дека ниту еден друг клуб не може да се приближи до неа.
Понудата на „кралевите“ нема да ги надмине сегашните услови на договорите на Винисиус Жуниор и на Џуд Белингам, кои се најскапоплатените фудбалери на „Сантијаго Бернабеу“. Различни медиуми во последните недели пишуваа дека понудата ќе биде околу 30 милиони евра.
Мбапе и неговите претставници продолжуваат да водат разговори и допрва треба да биде донесена конечната одлука.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
