Connect with us

Саудијци ја купуваат Рома

Калчолигашот Рома наскоро може да добие нови сопственици од Саудиска Арабија, пишуваат италијанските медиуми.


Според информациите на „Ла Република“, во вторникот во Ријад бил одржан состанок на кој учествувал шефот на правниот оддел на „џалоросите“ со можни саудиски инвеститори.

Ерик Вилијамсон, десната рака на сопствениците на Рома, семејството Фридкин и член на одборот на директори на Рома, долетале од САД за да присуствуваат на состанокот, сугерирајќи дека се разговара за нешто поголемо.

Две различни групации се заинтересирани да ја купат Рома од Дан Фридкин – државниот Фонд за јавни инвестиции (ПИФ), кој веќе го поседува Њукасл, и приватниот инвеститор Турки Ал ал-Шеик, кој е советник на саудиското кралско семејство и претседател на општа управа за забава (Генерален директорат за забава на Саудиска Арабија).

Во оваа фаза, Фридкин се надева дека ќе влезе во партнерство со една од двете саудиски групации, сакајќи да ја задржи контролата врз Рома, но и ПИФ и Ал-Шеик сакаат 100% од акциите на клубот, подготвувајќи понуди за околу 900 милиони евра, плус 300 милиони евра поврзани со изградбата на новиот стадион.

Преговорите се уште се во рана фаза, но развојот на настаните се очекува во наредните месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови