Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза набрзо би можел да го напушти Јувентус, иако има актуелен договор со клубот до 2025 година.
Имено, тој смета дека треба да има плата како Душан Влаховиќ, што значи 7 милиони евра на годишно ниво, а имајќи предвид дека моментно е на 5 милиони евра, јасно е дека има незадоволство кај него.
Јувентус не може да си дозволи да ги зголеми приходите што ги побара неговиот менаџер, па има голем застој во преговорите за нов договор.
Со оглед дека преговорите со Киеза се во ќорсокак, Јуве бара на друго место. Потенцијална замена за Киеза би можел да биде Алфред Гудмундсон.
Фудбалерот на Џенова е цел на неколку клубови, овој јануари имаше доста понуди, а неговиот клуб одби 25 милиони евра од Фиорентина.
„Виолетовите“ сакаат 40 милиони, а Јувентус би можел да ги плати на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













