
Каталонскиот гигант Барселона планира големи промени на лето, а нова цел е Каору Митома.
Шпаските медиуми тврдат дека Митома е во нотесот на спортскиот директор Деко, а Барселона на лето ќе се обиде да го донесе Јапонецот и во зделката да го вклучи и Ансу Фати.
Младиот Шпанец замина на позајмица во последниот ден од летниот преоден рок на покана на Роберто Де Зерби, но повторно имаше проблеми со повредите, поради што повторно не ја достигна старата форма.
Пред повредата Фати одигра 18 натпревари, со четири гола и една асистенција, а на теренот мина само 667 минути.
Сепак, Барса верува дека Брајтон би можел да го купи, поточно да прифати размена за Митома.
Јапонецот е повозрасен, има 26 години, а во Брајтон пристигна летото 2021 година од Кавасаки, но една сезона мина на позајмица во белгискиот Унион.
Тој исто така имаше проблеми со повреди оваа сезона, но кога е фит, генерално е најдобриот и најопасниот играч на Брајтон.
Барселона сака да се засили на позицијата лево крило, таму моментно го има Жоао Феликс, но прашање е дали ќе имаат пари да го откупат од Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
