Дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, е блиску до враќање во игра за „топчиите“ откако доби место на поширокиот список на тимот за дуелот со Порто во Лигата на шампионите. Првиот натпревар од осминафиналето меѓу Арсенал и Порто е на 21 февруари, а англискиот клуб ќе патува за Португалија.
Јуриен Тимбер се повреди на вториот натпревар за „топчиите“ против Нотингем Форест на 12 август. Повредата на коленото се покажа како сериозна и оттогаш се опоравува.
Холандскиот интернационалец минатото лето пристигна во Лондон од тимот на Ајакс.
Минатиот месец централниот бек започна интензивни тренинзи во теретана како и индивидуални вежби со топка за време на кампот на Арсенал во Дубаи. Сега Тимбер е уште поблиску до враќање на тимските тренинзи, како и до настап за тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













